Од 1. јуни забрането готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 евра

Сподели

Од утре, 1 јуни согласно новата одредба на Законот за спречување на перење пари и финансиски тероризам, во земјата ќе биде забрането готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 или повеќе евра во денарска противвредност како една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. Целта на овој закон е да се спречи сивата економија, а граѓаните да можат во кеш да купат само нешто ситно.

Наместо да користат кеш, граѓаните ќе мора да користат платежна картичка или со уплатница да уплаќаат готовина во банка, штедилница или да плаќаат преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.