Од полноќ поскапуваат горивата

Сподели

 

Од ноќеска на полноќ се зголемуваат цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 за еден денар по литар и ќе изнесуваат 82,5 денари, односно 84,5 денари за литар. За еден денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по цена од 78 денари за литар. Дизел горивото ќе поскапи за половина денар, па од ноќеска литар Еуродизел ќе чини 78,5 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот кој ќе се продава за 41,988 денари за килограм.