Одбележан патрониот празник на ООУ ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Сподели

 

Учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” со бројни спортски активности и изложбени работилници  го одбележаа патронатот на училиштето и 120. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.

 

 

Во име на Општина Илинден свежо цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, претставници од Училиштето ,,Гоце Делчев” , претставници од Здружение на борци на Македонија и граѓани.

 

 

Како дел од одбележувањето на патронатот беа организирани бројни активности во кои учествуваа ученици од училиштето. Веќе неколку години наназад ООУ „Гоце Делчев“ место класична приредба, учениците патрониот празник го одбележуваат со спортски игри, ликовни работилници и читање на литературни творби изведба на неколку драми за великанот Гоце Делчев.