Одбележување 15 години од смртта на Борис Трајковски

Сподели

Денеска се одбележуваат 15 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Борис Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.

Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и наши експерти. И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.