Се одложи денешното судењето на дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Апелација му наложи на Судот да ги провери лиценците на вештаците, па рочиштето беше одложено за на 14 февруари.
Првото рочиште беше одложено, бидејќи одбраната го оспори вештачењето на обвинителството на психичката состојба на дедото, бидејќи било изработено од вештаци со истечени лиценци.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Тодоров.