Игор Стефановски, синот на Горан Стефановски, на својот фб профил со жалење објави дека по повод роденденот на неговиот татко, спомен клупата на Горан нема да се реализира, заради состојбата со коронавирусот.
“Денеска, околу ова време, требаше да се собереме во Дебар Маало за да ја откриеме клупата на Горан (заедно со една мала забава за неговиот роденден).
Тоа, како и многу други нешта, не се случи, но се надевам дека во скоро време ќе бидеме заедно за овој и сите културни настани кои толку многу ни фалат овие денови. Бидејќи, што е животот без културата?
До скоро!”