Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна Врховна ревизорска институција во Република Северна Македонија, која повеќе од 20 години транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за ревизорските наоди од спроведените ревизии.
Државниот завод за ревизија во континуитет презема активности за интензивирање на активностите за зголемување на степенот на транспарентност и отчетност во своето работење. Професионалното, навремено и објективно информирање на сите засегнати надворешни страни (медиуми, истражувачки новинари, граѓански организации и општа јавност) за постигнатите резултати од вршењето на државната ревизија и натаму останува еден од клучните стратешки определби на нашата институција.
Водејќи се од стратешките определби дефинирани во „Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2020 – 2023 година“ , целта на Државниот завод за ревизија е да поттикне комуникација во која медиумите, граѓаните и граѓанските организации ќе бидат сојузници во остварување на целите за зголемување на одговорноста на буџетските корисници за начинот на користењето на јавните средства.
Токму за таа цел, со задоволство би сакале да ве информираме дека Државниот завод за ревизија како планирана активност во процесот на имплементација на Комуникациската стратегија на ДЗР, денес ја промовира официјалната Фејсбук страна на Државниот завод за ревизија.
На Фејсбук страната на Државниот завод за ревизија, граѓаните и сите засегнати заинтересирани страни ќе имаат можност да се информираат за сите активности и резултати од вршењето на државната ревизија, а воедно истата ќе претставува простор за креативна и конструктивна дискусија и размена на мислења.
Линк до Официјалната Фејсбук страна на Државниот завод за ревизија