Охрид: Изложба “500 години генијалност”, во чест и слава на Леонардо да Винчи

Сподели

 

Иницијатива за пример: Лајонс клуботот Лихнидос од Охрид, десетгодишнината ја слави со изложба “500 години генијалност”, во чест и слава на Леонардо да Винчи

Лајонс клуботот Лихнидос од Охрид, досега познат по многу иницијативи од непосредна корист за граѓанството, одбра својата десетгодишнина од постоењето, да ја прослави организирајќи настан и изложба: “500 години генијалност”, во чест и слава на Леонардо да Винчи.

 

 

Свеченоста, на која ќе говорот професор д-р Зоран Тунте и галеристот и добар познавач намликовната уметност, Љупчо Жупан, од галеријата Букефал, е закажана за недела, 12.мај, со почеток во 18:00 часот, во црквата Св. Богородица Перивлепта, во Охрид.

 

 

– Ликовната изложба,  под наслов “500 години генијалност”, а и самото одбележување на нашиот скромен јубилеј -– 10 години постоење, ги организираме во чест и слава на големиот уметник, истражувач и конструктур, Леонардо да Винчи. Тоа е всушност роденденски подарок за нашите охриѓани, но и за целата македонска јавност, како и за бројните туристи, кои во моментов престојуваат во нашиоит убав град, – вели професор Тунте, од  Лајонс клуботот Лихнидос.

Во тремот на црквата, ќе бидат изложени 20 репродукции од најпознатите дела на маестро Леонардо, видео материјал и две провидни фолии, со кои се покажува уште еден скриен елемент на неговата генијалност: ликот на Мона Лиза и автопортретот на Леонардо, целосно се поклопуваат.

 

Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci) роден е во селото Винчи, Тоскана, април 1452, а починал мај 1519. Живеел и работел во Фиренца, Милано, Рим и Париз. Тој е познат италијански  ренесансен архитект, инжињер, склулптор и уметник, сликар, изумител, анатом и астроном, а се знае дека изработел и нацрти од областа на медицината, кои не се сочувани. Бездруго, еден од најголемите умови на светската цивилизација, било кога.

Неговото дело, портретот Мона Лиза го започнал во март 1503 и го работел полни 4 години. Подоцна сликата ја купил францускиот крал Франсоа Први и денес се чува во музејот Лувр во Париз. Денес, Мона Лиза е сигурно најпознатиот портрет, а можеби и воопшто, најпознатата слика на светот, која е предмет на бројни толкувања и уште повеќе репродукции.

Веле Митаноски