Олеснети условите за влез во Италија со приложување на Европскиот ковид-сертификат

Сподели

 

Амбасадата на Италија во земјава информира дека почнувајќи од денеска, 1 март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, повеќе ќе нема ограничувања за влез во таа земја.

– Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид-сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест, од кој се ослободени децата до шест години. При влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање патници PLF (Passenger Location Form), соопшти Италијанската амбасада. 

Амбасадата потсетува и дека Италија донираше во Северна Македонија 250.000 дози од вакцината „Фајзер“ и дека тоа им овозможува на оние кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа со што ќе се зголеми и заштитеноста на населението.