Општина Центар ќе донира 100.000 денари во чест на донорот Јасмина Василковска

Сподели

 

На 65. седница на Советот на Општина Центар, едногласно се усвои Одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, жената што ги донираше своите органи и спаси три човечки животи.

 

 

„Како Општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек. Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на Општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000,00 денари од Буџетот на Општина Центар, а средствата ќе ги донираме на нејзиното семејство“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.