Општина Центар започна со спроведување на препораките за штедење на електрична енергија препорачани од Владата.
“На одредени локации ќе се гаси дел од уличното осветлување, со што ќе ја зголемиме заштедата на електрична енергија, водејќи сметка со тоа да не го нарушиме нормалното функционирање на граѓаните кои живеат или престојуваат во Општина Центар.
Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и мораме одговорно да се однесуваме кон потрошувачката на електрична енергија. Во наредните денови ќе ги соопштиме и останатите мерки кои ќе ги спроведуваме со цел намалување на потрошувачката на струја и заштеда на средства во општинскиот буџет”, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.