Предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија, ќе биде направено преку организиран државен протокол, најдоцна во петок, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– По разговорот со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3 декември. Oстанките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови.
Османи, посочува дека останува во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, и дека јавноста исто така ќе биде информирана навремено.