Седницата на Европскиот парламент, планирана од 19 до 22 октомври, поради пандемијата на коронавирусот, нема да се одржи во Стразбур, туку ќе биде организирана видео-конференција, објави денеска претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
– Со жалење соопштувам дека пленарната седница следната недела нема да се одржи во Стразбур, туку ќе биде на далечина – напиша Сасоли на Твитер.
Тој наведе дека здравствената состојба во Франција и Белгија е „многу сериозна“.
– Стазбур останува седиште на Европскиот парламент и ќе сториме се што можеме за да се вратиме – додаде претседателот на ЕП.