“Танц Фест Скопје” продолжува со својата заложба за создавање и промоција на современата танцова сцена кај нас, поддршка на млади автори и нивна афирмација во земјава и странство. Фестивалот, и покрај ситуацијата во која се наоѓаме со пандемијата, успеа минатата година да ја оствари својата програма во живо и да презентира петнаесетина кореографии на отворена сцена, со што даде свој придонес во одржување на изведувачките уметности во центарот на вниманието. Дирекцијата на фестивалот сака и годинава да даде свој придонес со одржувањето на фестивалската програма и презентација на странски компании и уметници, но и презентација на македонски креативци, со што ќе им помогне на младите креативни сили да се изразат и опстојат во овие специфични услови во кои се наоѓаме”, велат од фестивалот.
Танц Фест 2021 отвори повик за млади кореографи, чии продукции можат да бидат дел од годинешната програма, која ќе се одржи од 1 до 6 јуни 2021, на повеќе отворени сцени низ градот Скопје.
Право на учество имаат млади кореографи (до 35 години старост), темата и бројот на учесници е според нивен избор.
Времетраењето на делата не е лимитирано.
Доколку имаат видео од завршена претстава, не постара од 2020 година, треба да ни испратат линк.
Доколку делото е во процес на создавање, треба да испратат комплетна информација за содржината, број на учесници, времетраење и технички потреби за изведба на делото.
Пријавата треба да содржи:
Наслов на делото
Автор на кореографија
Автор на музика
Автор на сцена
Автор на костими
Автор на видеоматеријали (доколку има)
Имиња на изведувачи
Времетраење на делото
Име на продуцент на делото
Време и место на премиерна изведба
Линк до видео снимка (доколку е завршена претставата)
Вашите пријави испратете ги најдоцна до 27.04.2021 до 16ч., на нашата маил адреса: info@dancefestskopje.com.mk
Изборот на претстави ќе се објави најдоцна до 11 мај 2021.
Одбраните претстави ќе бидат прикажани во програмата на фестивалот, за што ќе се склучи посебен договор со продуцентите на делата.
Непотполни пријави нема да бидат земени во обзир. Сите пријави кои ќе пристигнат по истекот на назначениот рок, нема да бидат земени во обзир.