Меѓународната културна манифестација „Скопско лето“ беше отворена синоќа со настапот на Омер Фарук Текбилек во Македонската опера и балет.
Отворањето на Скопско лето 2017, го означија уште два културени настани на улица Македонија, се одржа концертот „Летни ноти“ на Градскиот дувачки оркестар под диригентската палка на Хусеин Еминовиќ и беше поставена инсталација нa “Think reedom– мисли слобода“ на Едина Селесковиќ – Бoсна и Херцеговина.
Граѓаните ќе имаат можност во текот на 40 дена, исполнети со уметност да уживаат во најтоплите денови на летото. Ќе учествуваат повеќе од 900 уменици.
„Градот Скопје е покровител и финансиер на Скопско лето, а организацијата е на Дирекцијата за култура и уметност.
Дел од програмата оваа година ќе се одвива на места кои се од културно и историско значање на Македонија како Старата скопска чаршија, Сули ан, театри, музеи, галерии и други споменици на културата.