Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат!
Последните парцијални покачувања на платите по основ на коефициенти, и по основ на додатоци ги остави медицинските сестри на сооднос 1:3 наспроти личните доходи на лекарите по коефициент, односно 1:5 по основ на додатоци на плата.
Бараме да се следи законската рамка која укажува на тоа соодносот да биде 1:2, особено кај сестрите со ССС. Покачувањето на платите не го решава и регулирањето на соодносот, туку мора да се направи соодветна измена на коефициентите и зголемување на групите кај медицинските сестри.
Нема никаков проблем платата на лекарите да достигне и до 300.000 денари, но и соодносот со медицинските сестри да биде според законската регулатива 1:2.
Исто така бараме надзор за почитување на анекс договорот за колективните договори на медицинските сестри бидејќи истиот не се спроведува во голем број болници.
Конкретно анекс договорот за ВСС се уште не е спроведен во сите ЈЗУ. Во некои е делумно, во некои се спроведе, а за 120 медицински сестри во многу ЈЗУ се уште систематизацијата е параван за неспроведување на анексот договорот, не се поставени со решенија и немаат признаено образование иако земаат финансиски додаток кој патем не се пресметува во платата.
За сите други, дури и непостоечки работни места сведоци сме дека се отвораат нови советнички работни места, односно истите веднаш се реализираат и се поставуваат со решенија.
Со вакви недостатоци во групите на медицинските сестри тие немаат можност да бидат платени по вештини, знаење, искуство… едноставно немаат можност за кариерен развој, реагираат од ЗМСТАС.
Прашуваме кој е одговорен и зошто се уште не се поставени крајни рокови и надзор за реализација?
Проблемите на медицинските сестри се многу, но во синдикални рамки основен е проблемот со групите и коефициентите во колективните договори, особено кај мед.сестри со ССС.