Парламентарното мнозинство даде поддршка за законите што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Парламентарното мнозинство даде поддршка за трите закони што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка.

Станува збор за законите за зголемување на платата на администрацијата, за измена на извршителите и доделување ваучери за студенти.

Останува неизвесно дали ВМРО-ДМНЕ ќе ги поддржи пакет-законите што ги предложи СДСМ и веќе се ставени на дневен ред на Собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа да биде симната од дневен ред точката за избор на нов јавен обвинител, како и за изборот на пет потпретседатели на Собранието. Парламентарното мнозинство не ги усвои овие предлози.