Пендаровски го потпиша указот на законските измени за возачките дозволи

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а крајниот рок за нивна замена ќе биде 31 декември 2024.

Претседателот Пендаровски ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.