Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности, што се одржува во рамки на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28.
Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на Сегментот на високо ниво за шефовите на држави или влади, чие одржување е предвидено од 11:00 до 15:00 часот по македонско време.