Почина Пол Ален, соосновачот на Microsoft

Сподели

Пол Ален, кој заедно со Бил Гејтс е основач на компанијата Мајкрософт, почина на 65 години.

Бизнисменот своето богатство го стекна заедно со неговиот школски другар Бил Гејтс, откако заеднички го основаа технолошкиот гигант Мајкрософт во 1975 година.

Ален го напуштил Мајкрософт во 1983 година откако првично му бил дијагностициран ракот на крвта од болеста Хоџкинс. По опоравувањето стана успешен со неговата медиумска и комуникациска инвестициска фирма „Вулкан“, која ја основал во 1986 година.

Се проценува дека Ален за време на својот живот донирал повеќе од 2 милијарди долари во филантропија, најмногу на полињата на наука, образование и заштита на дивиот свет.

Во 2010 година објави дека мнозинството од своето богатство ќе го додели во добротворни цели по неговата смрт.

Ален беше и голем фан на спортот. Во негова сопственост беа кошаркарскиот тим Портланд Треил Блејзерс и тимот Сиетл Сихокс кои се натпреваруваат во националната лига за американски фудбал, кои ја освоија титулата во 2013 година.

– Срцето ми е скршено од заминувањето на еден од моите најстари и најдраги пријатели, Пол Ален, изјави Гејтс.