Почнува летното сметање на времето

Сподели

Завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно 2 часот ќе се смета за 3. Со тоа и официјално почнува летното сметање на времето, и ќе трае до последната недела од октомври.

Некои научници сметаат дека поместувањето на стрелките од часовникот, предизвикуваат стрес кај одредени луѓе, особено оние кои се со хронични болести.

Европската комисија пред неколку денови донесе одлука со која од 2021 година се укинува поместувањето на стрелките на часовникот.