Почнува Skopje Photo Week 2020

Сподели

 

Скопје е град познат по својата разноличност, шареноликост и е град на контрасти.
 
Огромен број фотографии се случуваат секој ден на неговите улици и во неговите паркови, мемории уловени во дигитален формат. Тие ја раскажуваат приказната за душата на градот и луѓето кои живеат во него.
 
На 23 и 24 ноември, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите фотографи, чија инспирација отвора нови хоризонти на дигитална и модерна уметност, со директна можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките. Разменуваме искуства, прошируваме познанства и градиме нови пријателствата.
 
За време на настанот ќе има и конкурс за избор на најдобра фотографија.
 
Предавачи и панелисти оваа година ќе бидат Томислав Георѓиев – фотограф, Ани и Дими – фотографи, Горан Попатанасович / 3D Baba – кинематограф, Two Clicks – фотографи, Влатко Рафески – фотограф, Кристијан Теодоров – кинематограф.
 
Почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД-19, овој есенски самит ќе се реализирамево дигитален онлајн формат, со помош на современата технологија.
 
Skopje Photo Week е петти по ред настан во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент(Полска), кој се одржува традиционално секоја година. Изминатите настани беа под името ISPV – International Summit of Photographers & Videographers, но овој пат сме со ново име и концепт – Skopje Photo Week (#SPW2020)