По налог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, МВР вчера од Фондот за иновации и технолошки развој ја одзело потребната документација во врска со распределбата на грантовите од Фондот на носители на јавни функции. Се проверува документацијата поврзана поврзани со последната одлука на фондот за доделување неповратни средства за македонски компании.
Од обвинителство велат дека бидејќи се работи за предистражна постапка, нема да даваат информации.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во понеделникот почна истрага по допрен глас за можнни злоупотреби при доделување грантови од Фондот за иновации и технолошки развој.