Полициски синдикат: Успешно завршени преговорите помеѓу раководството на МВР

Сподели

 

Денес со потпишување на Записникот од работните состаноци од страна на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев успешно завршија преговорите помеѓу раководството на Министерството за внатрешни работи.

Во Министерството за внатрешни работи, на иницијатива и под медијација  на Македонскиот полициски синдикат беа одржани три работни состаноци на кој учествуваа Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и Директорот на БЈБ Сашо Тасевски со своите работни тимови, како и Претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев, генералниот секретар Киро Трајковски и Советникот на претседателот Златко Цветковски.

Како причина за работната средба беше  актуелната состојба во Министерството за внатрешни работи на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на Министерот за внатрешни работи и нивно
поништување од страна на Владата на Република Северна Македонија со што сите вработени во Министерството беа доведени во една конфузна и збунувачка состојба што им преставуваше сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.

Со постигнатиот договор нотиран во заклучоците од вечерва потпишаниот Записник, двете страни постигнаа согласност по неколку точки со кој ние како Македонски полициски синдикат цврсто сме уверени дека веќе од утре ќе се надмине актуелната состојба во Министерството. Страните се
договорија да при издавањето на Наредби за извршување на работни задачи истите ќе бидат со точно определен рок на важниост односно до завршување на мандатот на техничката влада, потоа сите издадени наредби ќе бидат задолжително потпишани од Министерот и дополнителниот заменик министер, и како факт со кој ние како синдикат сме собено сме задоволни е тоа што при секое поместување на колегите истите ќе ја добиваат платата која е поповолна за нив и не се повредува ниту едно право од работен однос.

Благодарни сме на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и на дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска за прифаќањето на нашата иницијатива. Со оваа активност Ние како како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште  еднаш докажавме дека сме сериозна синдикална органзиација на која еден од осовните постулати е ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС НА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ – се наведува во денешното соопштение на полицискиот синдикат на МВР.