ПОМИНАА ТРИ НЕДЕЛИ ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ЕЛИФ, ПОТРАГАТА ПРОДОЛЖУВА

Сподели

maxresdefault(78)

Семејството е упорно, но и цели три недели откако исчезна, нема никаква трага од девојчето Елиф Фејзулаху, од населбата Камник. Нејзиното семејство за денеска побара помош од доброволци, трагаа на разни страни, во поширок радиус отколку до сега, покрај Смилковското езеро, но без успех, пренесува ТВ21.

„Ова е втора насока во која ја бараме. Првиот дел од потрагата се одвиваше од патот кон Арачиново до кружниот тек. Сега тука сме на лице место. Да даде Господ што поскоро да ја најдеме“, рече Џемул Фејзулаху, чичко на Елиф.

 Добрволците велат дека максимално се трудат, само да помогнат да се најде Елиф.

„Јас сум доброволец, дојдов со неколку пријатели. Ја побаравме насекаде. Сега сме распоредени во две групи, неколкумина отидоа во горниот дел, а ние ќе одиме на другиот дел и ќе ја трагаме по неа“, рече Астрит Имер, доброволец.

Семејството апелираат за помош. Велат дека нема да престанат со барањето по Елиф, ниту по безуспешните обиди на полицијата, припадници на војската и многу доброволци. Но бранот што се слеа од обиколницата кон блиските населби, на 6 август, беше пресилен, па лесното тело на бебето Елиф можеби го однесол многу подалеку.