Помпео: САД го депонираа протоколот за НАТО

Сподели

 

САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа го објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер.

” Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО” – објави шефот на американската дипломатија, Помпео на Твитер.