Снежната бура “Елеанор”, проследена со силен ветер, остави без електрична енергија речиси 200.000 домаќинства во северниот дел на Франција.
Ветровите на “Елеанор” на места достигна брзина и до 140 километри на час.
Поради снежната бура денеска за посетителите е затворена и Ајфеловата кула во Париз.
Поради невремето доцнат и авионските летови, а најголем проблем има на најголемиот париски аеродром „Шарл де Гол“.