Последен ден од кампањата – од полноќ изборен молк

Сподели

Кандидатите за претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова и нивните тимови до денеска на полноќ ќе имаат можност да ги убедуваат гласачите да им го дадат својот глас во вториот круг на претседателските избори в недела.

Од полноќ се до 19 часот в недела ќе трае изборниот молк, во кој е забрането какво било агитирање.

Гласачките места в недела, 5 мај, треба да бидат отворени во 7 часот а гласањето да трае до 19 часот.

Утре ќе гласаат затворениците во затворите, болните и немоќните во своите домови, како и регистрираните гласачи во дијаспората и внатрешно раселените лица.

За да се избере претседател во вториот круг, од вкупно 1.808.131 граѓанин во Избирачкиот список, на гласачките места треба да излезат најмалку 40 отсто. Во спротивно, петтите претседателски избори ќе се поништат и треба да бидат распишани нови.

meta.mk