Последниот викенд на март започнува летното сметање на времето

Сподели

Последниот викенд на овој месец, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30. март почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Европските земји се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година. Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.