Голем пожар избувна во близина на салата Борис Трајковски на кејот на реката Вардар, кој бил намерно подметнат според првичните проценки на пожарникарите.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 5 противпожарни возила и 12 пожарникари. Побарана била и помош на екипите од “Улици и патишта” на град Скопје, со чии возила се очекува пожарот да се изгасне до 18 часот.
Не постои опасност да бидат зафатени околните објекти, затоа што депонијата е сосема одвоена од останатите објекти и нема да се шири пожарот, – изјавија од противпожарната бригада.