Премиера на театарската претстава „Галеб“ од А. П. Чехов

Сподели

Денеска, 22 јули, од 19:30 часот на сцената „Долни Сарај“, во рамките на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Народниот театар – Битола премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А. П. Чехов, во режија на Багријана Попов.

Улогите во претставата ги толкуваат: Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а музиката ја напиша Александар Димовски.