Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

fb
Сподели

 

Премиерот Зоран Заев денеска на пладне во пунктот на спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против Ковид-19, со кинеската вакцина, од производителот „Синофарм“.

– “Ја примив првата доза од вакцината на Синофарм, односно ја примив онаа вакцина која беше на ред. Јас не бирав, зошто сите вакцини се безбедни, тестирани и проверени. Важно е масовно да се учествува во процесот на вакцинација. Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател”, изјави по вакцинирањето премиерот Заев.