Пресуда за “Организатори на 27 април”

Сподели

 

Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Организатори на 27 април“.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година. Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.