Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување, прекршок кој е меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.
На територијата на целата држава санкционирани се 110 возачи за непрописно престигнување. Санкционирани се и 252 други прекршоци.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.