Шест лица се повредени откако експлодирала плинска боца во викендица во Матејче, информираше Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК)
„Повредени се шест лица кои се пренесени во Скопје на понатамошно лекување и се вон животна опасност. Денеска дополнително ќе се утврдува причината и матрејалната штета,“ информираат од РЦУК.
Повредените лица на возраст од 30 до 40 години најпрво биле пренесени во Кумановската болница, а потоа биле испратени во Клиничкиот центар и во Градската болница во Скопје.