Продолжува хаосот во прилепската гимназија, говорот на омраза сѐ погласен

Сподели

Со скандрање „продадени души“, ученици од други училишта денеска повторно упаднаа во дворот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, објави Плусинфо.

Од видеото јасно се гледа дека никој од надлежните за чување на редот и мирот во гимназијата на реагира на ваквиот упад кој е и спротивен на правилата на гимназијата според кои не смее да се дозволи влез на ученици без гимназиска униформа.

Иако вчера директорот на Гимназијата, Кирил Николоски, тврдеше дека истиот ваков настан се случил на голем одмор кога не можел да ги запре учениците да заминат, од денешново видео јасно се гледа дека политичката агитација се случува за време на час, а групата „ученици“ која влегува во дворот покрај тоа што ја попречува наставата, извикува и погрдни зборови кон учениците кои бараат тие да си одат и да не ги вознемируваат.

 

Од Министерството за образование и наука најостро ги осудија ваквите повикувања, кои според нив, се косат со сите етички принципи во образованието.

Од Државниот просветен инспекторат само кратко изјавија дека е покрената постапка против директорот и истата е во тек, не образложувајќи за каков вид постапка се работи.

Учениците од гимназијата и денес, неконтролирани од наставничкиот кадар своеволно, групно ја напуштија наставата.

Видео – 10без10