Продолжува трендот на намалување на бројот и на процентот на новозаразени од КОВИД-19, информираат од Институтот за јавно здравје. Паѓа и бројот на активни случаи кој изнесува 2091, од кои половината се во Скопје.
По Скопје, најмногу активни има во Прилеп 148, во Битола 135 и во Велес 101, додека во другите градови нивниот број е под сто. Без ниту еден случај се Дојран и Пехчево.
Во изминатото деноноќие, според статистиката на Институтот за јавно здравје, од направени 1.996 тестови, регистрирани се 198 позитивни на Ковид-19, или 9,9%.