Проф. Д-р Јове КЕКЕНОВСКИ: ДО ИСКРЕНОТО И ЧЕСНО ЧЛЕНСТВО НА ВМРО ДПМНЕ

Сподели

13335470_1344719432210709_1707824035_n

ДО ИСКРЕНОТО И ЧЕСНО ЧЛЕНСТВО НА ВМРО ДПМНЕ

• Најголемиот дел од многубројното искрено и чесно членство на ВМРО-ДПМНЕ има изградено комплементарна култура на почитувањето на законите и затоа мора да настојува да се врати довербата во правниот поредок и институциите на системот, да инсистира на правна држава, на владеење на правото и на еднаквоста.
• Вмровското членство мора да бара од секој граѓанин негова лојалност кон државата, а не кон личности осомничени за криминал.
• Вмровската култура на законитост најенергично и се спротивставува на културата на беззаконитост и на асоцијално и криминално однесување на поединци, а посебно на избраните и именуваните функционери.
• Вредностите што ги застапува искреното и чесно членство на ВМРО-ДПМНЕ им се спротивставуваат на појавите на секое патолошко и апатриотско однесување и никогаш никој не треба да дозволи истите да станат хронични, растечки. а уште помалку да станат доминантни.
• Членството на партјата мора до крај да расчисти, со гнилото во партија, да инистира пред се на поединечна одговорност, но не смее да се заборави и групната одговорност на врхушката.
• ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе и многу поголемо отколку еден премиер и неговите најблиски соработници клиентелисти и сервилни прислужници.
П.С. Дури сега година и половина по објавувањето на снимките од прислушуваните разговори, по покренатите истражни и предистражни постапки како и по советите на гатачката на Груевски почнуваме да ја разбираме суштината на синтагмата „ЌЕ ЈАДЕМЕ ЖИВИ ЛУЃЕ“. Има ли некој кој сеуште незнае кој навистина е КАНИБАЛ сиве овие години!?