Прогласени најдобрите екипи на меѓународниот фудбалски турнир “ИЛИНДЕН КУП 2023”

Сподели

 

Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2023“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 1000 учесници од 120 екипи, од 50-тина европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 8 до 12 години.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, фудбалските легенди Илија Најдовски, Вујадин Станојковиќ и Влатко Гроздановски ги доделија наградите и пехарите на најдобрите екипи.

 

 

Екипите беа поделени во пет категории, такашто во категоријата на деца од 2012 година првото место го освои „Бершот“, второ место за „Форца„ и третото место за „Титан“.

Во категоријата на деца од 2013 година првото место им припадна на „Партизан“, второ место за „Реал Лазаревац“ и трето место за „Галакси“.

Во категоријата на деца од 2014 година првото место е за „Партизан“, второ место за „Биџо“ и трето место за „Раднички Крагуевац“.

Во категоријата на деца од 2015 година првото место го освои екипата на „Војводина“, второто место за „Андерлехт“ и третото место за домаќините „Гроздановски“.

Во категоријата на деца од 2016 година првото место е за „Тампа кидс Брасов“, второ место за „Бершот“ и третото место за домаќинот „Гроздановски“.

„ИЛИНДЕН КУП 2023“ е во организанизација на Фудбалската школа „Гроздановски“ а под покровителство на Општина Илинден. На терените во Марино и Кадино изминатите три дена публиката и љубителите на фудбалот имаше можност да проследи интересни фудбалски натпревари, доста детски но и професионални маневрации со топка.