Промоција на “Татковиот анманет” од Димче Шипинкаровски

Сподели

 

 

Утре во Вевчани, во црковниот храм Свети Никола, ќе биде промовирана најновата поетска збирка на Димче Шипинкароски, “Татковиот аманет”, издадена од Здруженето за литература, култура и наука “Бран” од Струга.

Димче Шипинкаровски е овогодишен добитник на наградата од престижната поетска манифестација “Антево Слово”, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.

Уредник на изданието е Борче Панов, додека профсор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, во посебна рецензија, прави осврт на творештвото на Шипинкаровски.

Промотори на збирката ќе бидат професор д-р Христо Петрески, кој ја напиша и рецензијата за книгата, како и Мишо Китаноски и Веле Митаноски.

Покрај насловната песна, посветена на неговиот покоен татко, писателот, поет и есеист Петко Шипинкаровски, Димче Шипинкаровски, остава белег во македонската поетска ризница, уште и со песните “Испустено огниште”, и “Голем ангелу од Небрегово”, посветени на Блаже Конвски, потоа “Нож в грб”, посветена на Коле Чашуле, како и со бројните лирски записи, како во песната “Вака зјдвит сонцето во Струга”.

Рецензентото, Петрески, го претставува поетот Шипинкароски, како еден од новите современи македонски автоот и радоста на создавањето”.

Веле Митаноски