Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.
Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните.