Прва канцеларија за родителство во Општина Карпош

Сподели

 

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен состанок со Експертскиот Центар за родителство НВО Алтернатива  и  одговорното лице за образование Емилија Арсовска .

Работата на Експертскиот Центар е поддржана од ОН, од Глобалната иницијатива за поддршка на родители (GISP) , вклучувајќи ги СЗО и УНИЦЕФ,  поддржано и од  Родителство на целоживотно здравје (PLH), како и од Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата (EVAC) .

Општина Карпош е пионер во отворање на родителски центар,  каде ќе се нудат услуги за зајакнување на родителските вештини и спроведување на директна работа со индивидуални семејства, во функција на подобрување на менталното здравје  на децата и младите .

Во првата фаза ќе се организира обука  на стручни служби и  наставници од училиштата со цел обучување фасилитатори, кои понатаму ќе ја спроведуваат сесиската програма со родителите. Обуката ќе ја изведуваат сертифицирани  обучувачи.

Втората фаза ќе опфаќа сесиска програма за родители на деца на возраст од 6-10 години. 

Поддршката што ја дава Општината е со цел подигање на свесноста  за потребата за развивање на позитивни родителски техники.