Првите или слепите ,,кучиња” се фрлаат во вода или двојните стандарди на Мицкоски

Сподели

 

“Што порачува Мицкоски? – “Оставете ја Мизрахи нека сонува, нека создава привид дека нашата партија се бори за исправање на неправдата, ние од тоа ќе си собираме изборни поени, а ќе си гласаме за закони за Република Северна Македонија, под тоа име ќе си седиме во Европската народна партија, бидејќи ни таму не можеме да го смениме името, а камоли да го поништиме Преспанскиот договор. Немаме против партијата да ни се финасира од буџетот на Република Северна Македонија, од истиот да добиваме плати, немаме против да седиме во Собранието на Република Северна Македонија. Немаме против Мизрахи да даде заклетва пред Уставот на Република Северна Македонија, да влегува во МТСП на Северна Македонија и да добива плата од таму, но немаме против и ако направи малку ѓурултија со таблата со името Република Македонија”.

Нема поилустративна лекција за сите што решиле своите професионални капацитети да ги стават на услуга на ЛИДЕРОТ која негува двојни стандарди” – напиша Кекеновски на својот фб профил.