Првоосомничениот за убиството на Денис Тот спроведен во затвор

Сподели

 

Првоосомничениот за убиството на Тот спроведен во Затвор Скопје за издржување мерка притвор.
 
А.Ѓ. (28) , првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот, ноќеска (13.04.2022), околу 2 часот, е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд.
 
Тој беше баран по потерница односно Наредба – XL КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ.
 
По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром, информираат од МВР.