Пуштен во употреба Пељешки мост, изградбата чинела 402 милиони евра

Сподели

 

Синоќа беше пуштен за редовен сообраќај Пељешкиот мост, со кој ќе биде споен југот на Хрватска со остатокот од државата. Претходно, на свеченото отворање присуствуваше државниот врв, министри и граѓани. Мостот чини 402 милиони евра, од кои 357 милиони евра се неповратни средства од Европската Унија.

 

Фото Влада на РХрватска

 

„Проектот го реализиравме на основа на клучното начело на Европската Унија – солидарноста. Дел сме од клубот на најразвиените земји и тоа треба да го знаеме и цениме“, истакна на отворањето хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека мостот е изграден во интерес на Хрватска, но никому за инат или на нечија штета, посебно не на Босна и Херцеговина.

 

Влатите во Сараево одмамна тврдат дека Хрватска, со изградбата на мостот, на БиХ им го затвораат преминот кон отворено море и дека прво треба да ја утврдат границата меѓу двете држави.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг кажа дека Пељешкиот мост, „шареното виножито“, ќе го зајакне пријателството меѓу граѓаните на Кина и на Хрватска.

Мостот го проектирал словенскиот експерт со светски референци, Марјан Пипенбахер. Долг е 2.404 метри и висок е 55 метри, а го градеше кинеската компанија CRBC (China Road and Bridge Corporation). Првично било предвидено мостот да биде на висина од 30 метри, но подоцна било одлучено да биде висок 55 метри.