Радев: Европскиот пат на Скопје минува низ Софија

Сподели

 

“Заедничката посета на Ватикан и заедничкото оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, ќе ја покаже нашата јасна, заемна и политичка волја дека ќе ги развиваме односите меѓу нашите две земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство”, изјави денеска претседателот Румен Радев, по повод заедничката почит кон делото на светите браќа во Рим на 27 мај.

“Можам да кажам дека одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. На ден имам покани да разговарам со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден комесар. Има многу внимание кон Бугарија, нема да го кажам зборот притисок, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Софија

Да не заборавиме, додаде Радев, дека Бугарија е членка на Европската унија и тоа значи многу, а ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност. Европскиот пат на Република Северна Македонија е преку Софија и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми.

-Најважно е Бугарија, како таква одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата, порача Радев.