Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за нов мандат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври, изјави Артан Груби и додаде дека е ова порака што ја испраќа господинот Ахмети.
Според Груби, градоначалникот Мерко ја заслужил кандидатурата со работата и довербата кај граѓаните.
„Нашата зелена агенда ќе биде главна цел на овие избори и за нашите градоначалници. Партијата на републичко ниво ќе воспостави некои определби, три, пет или седум, кои ќе бидат генерални за секоја општина, додека спецификите за секоја општина ќе си ги изградат локалните тимови. Мерко ќе си каже кои ќе бидат клучните проекти со кои ќе ја бара довербата од стружани, но ќе има зелена агенда, додаде Груби.