Разбиен центар за кибер шпионажа во Италија

Сподели

Во Италија се фатени брат и сестра кои илегално собирале податоци од електронската пошта на илјадници лица и институции, меѓу кои и податоците на претседателот на Централната европска банка, Марио Драги, и поранешниот премиер на Италија, Матео Ренци, јавува Anadolu Agency (AA).

Според новинската агенција АНСА, италијанската полиција разбила центар за кибер шпионажа, преку кој со години илегално биле собирани чувствителни податоци од политичари, јавни институции, управници, професионални студија и водечки претприемачи.

Како резултат на полициската истрага, приведени се еден инженер по нуклеарна енергија и неговата сестра, кои престојуваат во Рим.

Се претпоставува дека братот и сестрата, компјутерски хакери, критичните информации ги кријат на серверите во САД што успеале да ги заземат.

Сè уште не е познато колку информации имаат собрано овие кибернетски шпиони, а во тек е истрагата за тоа како досега се користени украдените информации.