Разрешен е д-р Зибери – директорот на Центарот за јавно здравје Скопје

Сподели

 

Разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р Арбен Зибери – информираа од Министерството за здравство.

„Зибери е разрешен поради пласирање неточни изјави во јавноста, со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот“, – се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството информира дека за нов в.д. директор на Центарот е назначен д-р Александар Стојанов.