Талат Џафери вчерар најави дека денеска ќе се гласа за предлогот на владата за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, откако вчера попладне пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата повикувајќи се на писмото од Антикорупциската комисија која смета дека во периодот пред изборите не треба да се расправа и да се разрешуваат државни функционери.
– Денес утврдив дека е исцрпена листата на пријавени за збор и во продолжение на оваа седница утре ќе се гласа за предлогот на Владата за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија – рече Џафери во изјава за ТВ21.
Џафери смета дека Државната комисија за спречување на корупција неовластено се обраќа до Собранието и го прекршува Деловникот за работа.
– Претседателот на Собранието, не се обрати до Државната комисија за спречување на корупција имајќи предвид дека автентичното толкување на одредени закони според Деловникот е надлежност на Собранието. Писмото на ДКСК не произведува формално-правни обврски кон мене и кон Собранието кое е највисок законодавен орган и не може да ја попречи работата на Собранието. Претседателот на Собранието не се обрати до оваа Комисија – рече Џафери на крајот на денешното продолжение на седницата.